ФЕРАРИ - СУПЕР САБОТА, РАЗОЧАРУВАЧКА НЕДЕЛА - FORMULA 1

Breaking

FORMULA 1

Formula 1 Image Story

Monday, June 7, 2021

ФЕРАРИ - СУПЕР САБОТА, РАЗОЧАРУВАЧКА НЕДЕЛА

Сите во Ферари, барем така изјавуваа, беа изненадени со освојувањето на Пол позицијата во Баку, но колку што тоа беше пријатно изненадување, толку за нив беше непријатен текот на неделната трка.

Никако не може да бидат задоволни од четвртото место на Чарлс Леклер и осмото на Карлос Саинц Јр. Според резултатите од тренинг сесиите беше очигледно дека немаат шанси во трка, но во однос на двата тима кои се борат за шампионската титула, но не и во однос на тимови како АлфаТаури и Астон Мартин.

Единствена позитива е преземањето на третото место во конструктори. Како и да е, разликата со Мекларен е многу мала, само 2 поени, па на Француското ГП, што ќе се одрж на 20 Јуни ќе имаат тешка задача да останат понапред, со оглед на тоа што Британскиот тим се бори со само еден возач, Ландо Норис, додека Австралијанецот се уште не може да го извади максималниот потенција од Мерцедес ПЕ.
Чарлс Леклер: "Пред да пристигнеме во Баку, да ни го понудеа 4-тото место ќе прифатевме. Првото изненадување за време на викендот беше нашата Пол позиција. Второ изненадување беше што некои од нашите конкуренти беа исклучително брзи на трката. И покрај стартот од првата позиција, знаевме дека ќе бидеме престигнати од возачите на Мерцедес АМГ и Ред Бул, што и се случи."

"По првиот пит-стоп, се обидов да ја направам најдобрата можна работа. Имав блокирање на тркалата по рестартирањето следејќи го првиот безбедносен автомобил. Потоа, продолжувањето со оштетени гуми беше најтешкиот дел од трката. Навистина мислев дека нема да успеам да стигна до крајот. Тогаш го имавме црвеното знаме."

"Размислував за подиумот. Но, за жал, не успеавме Себ заврши неверојатна работа, честитки за него. Истото важи и за Пјер, имавме тешка борба со него на крајот! Ние ќе продолжиме да работиме напорно и да се развиваме во вистинската насока."
Карлос Саинц Јр.: "Не очекував ваква трка. Го немав исто чувство во болидот што го имав целиот викенд. Секојпат кога бев на ладни гуми, на двата старта, на рестартот и по пит-стоп-от. Имав проблеми со блокирање на предните тркала и со сопирачките. Тоа доведе до грешка која што многу ме чинеше и ја компромитираше целата моја трка."

"На крајот, успеав да се вратам во поени, но не сум задоволен од резултатот. Треба да ги разбереме причините за овие проблеми и да се обидеме да се подобриме за претстојните трки. Сега одиме во Маранело и ќе работиме на тоа, па сигурен сум дека ќе се вратиме посилни во Франција."
Матија Биното, тимски шеф: "Имавме тешка трка што не ги оправда нашите очекувања, со оглед на тоа како се одвиваа квалификациите. Знаеме дека, за да ги постигнеме нашите цели, не само што треба да го подобриме нашиот болид, туку во секоја област мора се да направиме совршено, но тоа не беше случај."

"Позитивно за овој викенд e што ја забележавме нашата втора Пол позиција во сезоната и се искачивме на третата позиција во пласманот на Конструктори. Раликата со тимовите зад нас е мала и дефинитивно помала отколку што можеше да биде. Сепак, мора да продолжиме и да гледаме на тоа како натамошна мотивација за подобрување во секој аспект на нашата работа."

No comments:

Post a Comment