LECLERC LIGHTS UP THE NIGHT IN LAS VEGAS - FORMULA 1

Breaking

FORMULA 1

Formula 1 Image Story

Saturday, November 18, 2023

LECLERC LIGHTS UP THE NIGHT IN LAS VEGAS

Чарлс Леклер и Ферари доминираа на квалификациите за инаугуралната Голема Награда на Лас Вегас. Моначанецот беше најбрз во сите сегменти и го победи Карлос Саинц Јр. за само 44 илјадитинки, забележувајќи ја неговата 23-та Пол позиција во кариерата.

Штетата за Ферари беше направена вчера, кога Шпанецот ни крив ни должен доби 10 места казна, па ќе стартува од дванаесетата позиција на гридот. Макс Ферстапен беше трет и утре ќе стартува втор, пред Џорџ Расел и Пјер Гасли.

Треба да се напомене дека имаше неколку изненадувања: Луис Хамилтон и Серџо Перез останаа надвор од Q3, а возачите на Мекларен отпаднаа во Q1!
Инцидентот со шахтата на првиот тренинг влијае на целиот викенд на Карлос Саинц Јр.. Шпанецот меѓу останатите променети компоненти, доби и нови акумулатори за складирање на електричната енергија поради што доби казна од 10 стартни позиции.

Казна за која можеше да се направи исклучок доколку не беше противењето на тимот на Мерцедес АМГ. Ферари побара да биде направен исклучок, со оглед дека штетата беше предизвикана од причина надвор од нивна контрола.

Спортските регулативи не го регулираат ова прашање, но со едногласност на сите тимови можеше да се направи исклучок. Но, тимот од Бракли бил единствениот кој одбил да и дозволи на ФИА да направи исклучок за казната на Карлос Саинц Јр..

Со оглед на оваа ситуација, ФИА се придржуваше до прописите и затоа Шпанецот доби казна за неделната трка. Карлос Саинц Јр. и во интервјуто по квалификациите беше многу разочаран, особено откако го виде потенцијалот на SF-23 во Лас Вегас.

Сега, прашање е дали организаторот на овој настан, Либерти Медиа, ќе ги сноси трошоците за штетата предизвикана од неисправната одводна шахта, како што веќе се случи во други слични ситуации.
Занимливиот редослед на саботниот тренинг, во кој најбрз беше Џорџ Расел, најави дека може да гледаме одлични квалификации во Лас Вегас. Асфалтот беше целосно сув и со температура од 17 степени.

Возачите се уште се запознаваат со патеката, па со почетокот на Q1 сесијата повеќето од нив веднаш излегоа од своите гаражи. Битката беше на црвените гуми и стинтови со повеќе гориво во болидите, бидејќи дури и најмеките гуми од понудата на Пирели имаа потреба од подолго загревање.

Чарлс Леклер беше првиот што постави време под 1:35 и беше за 89 илјадитинки побрз од Макс Ферстапен во неговиот прв обид. Секако, имаше простор за подобрување, бидејќи Логан Сарџент беше многу блиску.

Патеката постојано се подобруваше и тоа му овозможи на Леклер да се подобри до 1:33.617, со што ја заврши сесијата на првото место, пред Саинц Јр., Расел и Ферстапен.

Изненадување беше отпаѓањето на возачите на Мекларен. Елиминирани беа Ландо Норис, Естебан Окон, Џоу Гуанју, Оскар Пјастри и Јуки Цунода. Во Мекларен решија да штедат на пневматици, но таа одлука ги чинеше многу и во пракса значеше крај на квалификациите за нив.
Q2 сесијата започна со истите услови на патеката и повторно битка на црвените пневматици. Како и во првата сесија, многу возачи брзо излегоа на патеката. Некои од нив претпочитаа да направат два круга за загревање на гумите, а други веднаш нападнаа.

Првите времиња беа забележани од Ферари, но беа на користени црвени гуми. Набргу потоа, Фернандо Алонсо со нов сет на црвените пневматици го забележа најбрзото време, 85 илјадитинки пред Серџо Перез, исто така со нов сет на гуми.

Возачите на Мерцедес АМГ се појавија неколку секунди подоцна и го победија времето на Фернандо Алонсо, но Макс Ферстапен беше најбрз од сите и автоматски се искачи на првото место.

Во Ферари мораше да се обидат повторно, но сега на нови пневматици. Чарлс Леклер беше импресивен за да ја заврши сесијата на врвот на табелата, пред Саинц Јр., Расел и Гасли.

Изнандување во оваа сесија беше отпаѓањето на Луис Хамилтон, П11, но и Серџо Перез, П12. Останати за кои тука беше крај на квалификациите беа Нико Хулкенберг, Ленс Строл и Даниел Рикиардо.

Гледавме две сесии особено интересни во зоните за отпаѓање, неколку милисекунди значеа поминување понатака или отпаѓање.
Финалната Q3 сесија битката продолжи со најмеката смеша на Пирели. Први првите брзи круга само Макс Ферстапен и возачите на Ферари беа на нов сет на пневматици, па логично на тоа Чарлс Леклер беше најбрз.

Моначанецот ги победи Саинц Јр. за само 22 илјадитинки и Ферстапен за 83 илјадитинки. Во следните обиди Карлос Саинц Јр. повторно беше многу блиску, но му фалеа 44 илјадитинки во одно на Чарлс Леклер.

Макс Ферстапен не можеше да го подобри своето време, направи грешка, но остана со третото најбрзо време, пред Расел, Гасли, Албон, Сарџент, Ботас, Магнусен и Алонсо.

No comments:

Post a Comment